Продолжија и денес штрајковите и протестите во Франција

од Radmila Tasevska
143 прегледи

Штрајковите во рафинериите за нафта продолжуваат и денес во Франција, а жителите ширум земјата протестираат затоа што се гневни на Владата, која го протурка предлогот за зголемување на старосната граница за државната пензија без гласање во Парламентот.

Како што пренесуваат странските агенции, широко распространетите немири, во комбинација со ѓубрето по улиците на Париз, ги поставија претседателот Емануел Макрон и француската Влада пред нивниот најголем предизвик од демонстрациите на Жолтите елеци во декември 2018 година.

„Повеќе од една третина од оперативниот персонал во нафтените рафинерии и магацини на Тотал Енерџис, на локации како Фејзин во југоисточна Франција и Нормандија на северот на земјата, стапија денес во штрајк“, изјави портпаролот на компанијата.

Во меѓувреме продолжија и штрајковите на вработените во француските железници.

Уште еден собир е планиран за денес подоцна во Париз.

Слични содржини