143
Шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг изјави дека од Охрид пристигнале добри вести и оти е направен уште еден чекор на патот кон нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.
Шаленберг им се заблагодари на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и на претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак за нивните континуирани напори.
„Добри вести доаѓаат од Охрид во доцните часови. Косово и Србија направија уште еден чекор на патот кон нормализирање на односите. Ова е клучно кога станува збор за интеграцијата во ЕУ“, напиша Шаленберг на Твитер.