358
Синоќа дошло до тешка сообраќајна несреќа на улицата „Партизански пат“ во српскиот град Врање, во која автомобил со македонски таблички излетал од патот, при што едно лице загинало, јавуваат српските медиуми.
Од полицијата велат дека се уште не се познати околностите, туку само е потврдено дека истрагата е во тек.
Еден пациент е згрижен на тамошната Итна медицинска помош.
Според информациите, автомобилот со македонски регистарски таблички излетал од патот и удрил во банкина.