Злосторникот, се прикраде под плаштот на ноќта, и дојде на местото на злосторството. Без срам, во знак на крајна ароганција и омаловажување на меѓународната правда која издаде налог за негово апсење, воениот злосторник, рускиот диктатор, Владимир Путин, дојде да се слика во окупираниот украински град Мариупол.
Тоа е истиот град кој Русите, под команда на злосторникот Путин, го срамнија со земјата, бидејќи не можеа поинаку да го освојат. Градот буквално го уништија. Се проценува дека 90-95% од градбите во Мариупол се уништени или тешко оштетени. Опсадата траеше три месеци, иако украинската одбрана беше далеку помалобројна и послабо вооружена од онаа на орките, како што се нарекуваат припадниците на руските агресорски сили.
Битката кај индустрискиот комплекс Азовстал, кој украинските бранители го претворија во неосвоиво упориште, влезе во историјата на човештвото како херојски подвиг со кој беше предизвикан и понижен неспоредливо посилен непријател – агресор. Гневот поради неуспехот да го окупира градот, рускиот агресор го истури врз цивилното население, со невидена ѕверска ладнокрвност. Со непрекинато бомбардирање, изгладнување, уништување на инфраструктурата за снабдување со основните животни потреби и со блокирање на хуманитарната помош – така им успеа да го окупираат овој град херој, симболот на украинскиот отпор, како што ќе напишат во Си-Ен-Ен.
Се проценува дека се убиени повеќе од 25.000 цивили во тримесечната опсада. Невооружените цивили, меѓу кои голем број жени и деца, беа подложени на систематско бомбардирање, дури и со меѓународно забранетото термобарично оружје и други моќни артилериски и ракетни полнења.
Тоа е градот во кој беше убиена и малата Тања чиј живот згасна од дехидрација додека лежеше покрај мртвото тело на својата мајка под урнатините на нејзиниот дом, погоден од руските бомби. (Прочитајте: Можеш ли да замислиш? – посветено на малата Тања од Мариупол)
Целата колумна на следниот линк!