118
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби објави видео на социјалните мрежи од лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
На него може да се види како претседателот на ДУИ пее народна песна, придружуван од косовски пејач Илир Шаќири.
Ова не е првпат Ахмети да ги истакне своите „вокални способности“. Во јануари годинава, Ахмети пееше песна, која дел од јавноста веднаш ја протолкува како одговор на „Огнената група“. Минатата година, беше прикажан со цигара во рака, како пее песна посветена на диктаторот Енвер Хоџа.
За денеска во Чаир е најавен голем митинг на ДУИ. Како што најави Груби, се очекува да биде „историски митинг“, на кој што главен збор ќе има токму Ахмети.