187
Amazon, платформата за е-трговија, ќе отпушти уште 9.000 работници во наредните недели, изјави денеска извршниот директор Енди Џеси, пренесе CNBC.
Последната рунда првенствено ќе влијае на вработените во човечките ресурси, инженерите и маркетинг секторот.
Ова намалување на бројот на работници е надополнување на претходните отпуштања кои компанијата ги најави во ноември, а кои траеја до јануари и погодија повеќе од 18.000 вработени.