136
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва ги проучувала предлозите на Пекинг за решение на конфликтот во Украина и дека е отворена за преговарачкиот процес.
Тој го изјави ова на средбата со претседателот на Кина, Си Џинпинг и посочи дека знае оти Кина поаѓа од принципите на правда и почитување на основните одредби на меѓународното право.
„Секогаш сме отворени за преговарачкиот процес и секако ќе разговараме за сите овие прашања, вклучувајќи ги и вашите иницијативи, кои безусловно ги почитуваме“, нагласи Путин, пренесе ТАСС.