111
Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, кој втор ден е во посета на Русија, денеска ќе имаат официјални разговори во Кремљ, а Москва очекува дека теми ќе бидат енергетиката, воената соработка, трговијата и ситуацијата во Украина.
Советникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, очекува дека прашањата поврзани со енергетиката може да бидат предмет на детални разговори, пренесува ТАСС.
Ушаков изјави и дека дискусијата за меѓународни теми ќе биде фокусирана на Украина.