ВИДЕО: Разорна експлозија на Крим

од Stefanija Kuzmanovska
135 прегледи

Украинското министерство за одбрана синоќа соопшти дека уништило крстосувачки ракети наменети за руската Црноморска флота во голема експлозија во кримскиот град Жанкој, пренесува „Гардијан“.

Поточно, некои украински официјални лица тврдат дека во експлозијата биле уништени ракетите Калибр НК, кои руските бродови често ги користат за цели ширум Украина.

Советникот на министерството за внатрешни работи, Антон Герашченко, сподели видео на социјалните мрежи за кое тврди дека ја прикажува градската железничка станица, на која се гледа голема експлозија проследена со облак од чад. Нејзиното објавување не може да се потврди независно.

Процесот на демилитаризација на Русија и подготовка на украинскиот полуостров Крим за деокупација продолжи со мистериозен „потрес“, објавија украинските власти на Телеграм.

Овие експлозии се случија на околу 140 километри зад линијата на фронтот, што го отвора прашањето како тие се случија. Рускиот гувернер на окупираниот Крим, Сергеј Аксјонов, во понеделникот навести дека имало напад со дрон врз Жанкој, но не откри детално за што се работи.

Според него, оштетени се само едно или две домаќинства, а едно лице е повредено.

„Сè уште се обидуваме да ги утврдиме сите последици“, рече тој.

Од друга страна, на некои канали на Телеграм руски корисници пишуваат дека можеби станува збор за напад со дрон.

Слични содржини