355
Чоколаден десерт кој не се пече.
Состојки:
– 450 гр овесни снегулки
– 200 гр чоколадо за готвење
– 750 мл млеко
– 1 лажица арома на ванила
– 4 лажици мед
– 150 гр сечкани ореви
Подготовка:
Во поголем сад загрејте го млекото на умерена температура.
Пред да зоврие, во врелото млеко додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека не се растопи.
Додадете арома на ванила и мед, па измешајте уште малку.
Потоа додадете ги овесните снегулки и сечканите ореви и повторно добро измешајте.
Смесата се става во калап обложен со хартија за печење, се израмнува да нема грутчиња и се остава да се излади во фрижидер.
Се сече и се сервира оладено.