Лошо ќе биде за државата ако не се спроведат уставните измени, тврди Османи

од Nikola Popovski
173 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи уште еднаш повтори дека измените на Уставот и внесувањето на бугарското малцинство е сензитивно прашање, но смета дека ќе се најде решение.

-Луѓето кај нас имаат реални фрустрации. Велат има ли крај оваа работа до ЕУ. Не е време за јавна дебата тука кај нас, кога во Бугарија е предизборен период. Многу важно е да имаме помош од меѓународниот фактор. Затоа, ќе почекаме уште малку и ќе отвориме јавна дебата за уставните измени, рече Османи во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Тој е дециден „многу лошо ќе биде за државата ако не се спроведат уставните измени“

-Ако не поминат уставните измени, запираат преговорите. Потоа ќе биде доцна за се. Наредна година има избори и во ЕУ, тоа значи дополнителни компликации, истакнал Османи.

Тој го коментирал и завчерашниот митинг на ДУИ во Чаир и „внатрешната војна“ во партијата. Смета дека „не е чесно кон лидерот на ДУ ова што му го прават од Огнената група“.

-Ахмети е историска личност. Тој 20 години работи за интересите на државата. Тој е човекот кој секогаш ги штити интересите на државата. Видете, Ахмети работеше за Северна Македонија да стане членка на НАТО, сега силно работи да ги обедини сите политички партии кои сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, порачал министерот.

Слични содржини