Василевска: Црквата да искулира, и таа е именка од женски род а „сексот е од бога даден“

од Vladimir Zorba

Неретки се обидите на Црквата да се меша во одлуки на институциите на државата. Тоа се случува и во други секуларни држави, и таа нејзина пенетрација е позната низ историјата на човештвото во многу наврати. Со сета почит кон нејзините етички, духовни начела, сета религиозна заедница во која Цркавата ужива авторитет и има апсолутно демократско право да ги негува нивните убедувања и чувства кон која било тема, но, во рамки на нивниот систем, пишува во својата колумна Ана Василевска.

Оваа заедница и Црквата, сепак, треба исто така да има почит кон општествениот систем и институциите, и одлуките кои се донесуваат во насока на подобрување на правата на сите луѓе. И на атеистите, и на верниците од другите религии а особено кога е во прашање родова еднаквост и уставно загарантираноте човекови права.

Жената и црквата, секогаш биле опоненти, исто како што црквата секогаш била конкурентна со држвата. Причините за тоа се одамна апсолвирани, и во 21 век ова прашање се отвора само во општества каде што и натаму Црквата се бори за превласт со државата, има потреба од покорни следбеници односно е во битка за даночните обврзници- пардон, верници.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини