Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во ненадејна посета на Полска

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт, принцот и принцезата од Велс, беа во ненадејна посета на Полска, односно на британските војници стационирани во таа земја, објави полскиот весник „Факт“.

Авионот со членовите на британската кралска куќа слета на аеродромот Ржешов-Јасионка, пишува весникот.

Се очекува Вилијам и Кејт да ги посетат војниците стационирани во градот Жешов во провинцијата Поткараптје, како и да го посетат медицинскиот центар во селото Јасионка каде се лекуваат војниците ранети во операциите во Украина.

„Тука сум затоа што сакам лично да им се заблагодарам на полските и британските војници кои дејствуваат во блиско и клучно партнерство. Исто така, сакам да оддадам почит на инспиративната хуманост на полскиот народ. Ги отворивте срцата колку и домовите“, изјави Вилијам за полските медиуми, пренесе N1.

По неговите воени ангажмани, принцот од Велс треба да отпатува во Варшава за да го посети колективниот центар во кој се сместени околу 300 Украинки и деца кои избегале од војната.

Во четврток, принцот ќе положи венец на гробот на непознатиот војник во полската престолнина, каде што неговите покојни баба и дедо, кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип, исто така, положија венец за време на нивната државна посета во 1996 година.

Предвидена е и средба со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Слични содржини