Љубовната приказна на Шакира и Пике и скандалите по нивното раскинување се уште ја интригираат јавноста.
Фудбалерот и пејачката раскинаа по десет години врска поради неверството на Пике.
Откако во јавноста се појавија приказни за причините за нивното раскинување, беа откриени бројни детали од нивната врска и оваа афера во која наводно е вмешано целото семејство на фудбалерот.
Популарната пејачка прво дознала за изневерувањето на својот долгогодишен партнер, а потоа и за „предавството“ на неговата мајка.
Жерар Пике ја изневерил Шакира со Клара Чија Марти. Според „The Sun“, мајката на Пике, Монсерат Бернабеу цело време знаела за неговото неверство и ја криела оваа афера.
Според шпанските медиуми, ваквата вмешаност на Монсерат е најголемата причина поради која тие две не се согласувале.
„Сето ова е затоа што кога започна врската на Пике и Клара, тие се криеја во куќата на родителите на Пике во Кабрилс, Шпанија“, тврди шпанската новинарка Лаура Фа.
Според шпанските медиуми, извор близок до фудбалерот и неговото семејство бил сведок на физичка пресметка меѓу Шакира и Монсерат.
Споменатиот извор за шпанските медиуми изјави дека пејачката и нејзината свекрва во неколку наврати жестоко се судриле и дека имале две сериозни расправии во кои имало и физичка пресметка.
„Бернаберу ѝ удри шлаканица на Шакира пред Пике и нивните деца“, изјави изворот.
Пејачката и фудбалерот никогаш не ги потврдија овие наводи.