Брз и евтин ручек: Батаци во домашен BBQ сос

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Состојки:

800 грама компири
две лажици масло
1 кг пилешки батаци
сол и црн пипер

За BBQ сос:

100 гр кечап
2 лажици соја сос
2 лажици мед

Подготовка:

-Загрејте ја рерната на 220 степени (или 200 степени ако имате рерна со вентилатор)
-Неизлупените компири исечкајте ги на кришки, па измешајте ги во сад со масло, малку сол и многу бибер. Компирите наредете ги во тавата така што кората ќе биде надолу, бидејќи на овој начин нема да треба да ги вртите за време на печењето. Печете ги 30 до 35 минути.
-Во друг плех ставете хартија за печење и наредете ги батаците. Зачинете ги со сол и бибер и ставете ги во рерна неколку нивоа над плехот со компирите за да циркулира топлиот воздух. Печете 20 минути.
-Во помал сад измешајте ги состојките за BBQ сосот.
-По 20 минути извадете ги батаците од рерна и убаво премачкајте ги со BBQ сос. Вратете го плехот во рерна и печете уште 10-15 минути.

Слични содржини