Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна со македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, со кого, како што наведе, се согласил дека односите меѓу двете земји се најдобри во модерната историја.
-Се согласивме дека односите меѓу Република Србија и Република Северна Македонија се најдобри во модерната историја. Продолжуваме да работиме заедно за доброто на нашите народи, објавил Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.
View this post on Instagram
Ковачевски е во официјална посета на Србија. Вучиќ вчера заедно со македонскиот премиер и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ го обиколија проектот „Белград на вода“.
-Велат дека при добра прошетка ги смислувате најдобрите планови и ги имате најпријатните разговори. Додека на мојот пријател Димитар Ковачевски гордо му покажувам колку се изгради Белград, разменуваме мислења за проширувањето на иницијативата Отворен Балкан, патот кон ЕУ на нашиот регион, позицијата и перспективата на Западен Балкан на геополитичката карта на Европа и светот, но и за плановите за претстојните средби и нови проекти за поврзување, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил „buducnostsrbijeav“ заедно со фотографии од вчерашната прошетка.