128
Украинците денеска ја одбележуваат првата годишнина од ослободувањето на градот Буча од руската армија, а претседателот на Украина, Владимир Зеленски изјави дека Киев никогаш нема да им прости на одговорните за, како што наведе, злосторствата во тој град.
Украинските сили ги вратија Буча и Ирпин во близина на Киев на крајот на март минатата година, а меѓународните истражители сега собираат докази во тие и други градови каде, како што тврдат украинските власти, руските војници извршиле големи злосторства, објави „Ројтерс“.
Русија ги негира обвинувањата, а откако Украина ја презеде контролата врз Буча, се појавија фотографии од тела на улиците.