„Првата реактивна мисија на УНЕСКО дошла во земајва во 2017 година, кога се воочило преголемо дерогирање на карактеристиките на охридскиот регион. Има седум години вакуум, кога не се постапувало воопшто по планот за управување со охридскиот регион. Сега ги гледаме последиците од тоа“ рече министерката за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска во вестите на Сител.
Таа додаде дека Законот за управувањето со охридскиот регион бил донесен во 2010 години, меѓутоа до 2017 година не се преземале мерки поради што се загрози статусот во УНЕСКО.
„Процесот за исполнување на препораките од УНЕСКО за заштита на охридскиот регион е процес на кој не може да се стави точка. Не може да кажеме дека сме задоволни и тука да застанеме. Овој процес ќе продолжи и по исполнувањето на 19 препораки“ рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката додаде дека целата држава треба да биде вклучена во процесот за зачувување статусот на заштитено наследство во УНЕСКО, бидејќи тоа не е процес кој може да го направи едно министерство, една општина или една агенција.