729
Состојки:
200 гр брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
250 мл млеко
1 јајце
3 лажици растопен путер
Подготовка:
Во еден сад измешајте брашно, прашок за пециво, сол и шеќер. Додадете млеко, јајце и стопен путер. Мешајте додека не добиете густа смеса.
Доколку е потребно, додадете уште млеко или брашно.
Загреаното тавче премачкајте го со коцка путер и печете помали и подебели палачинки. Печете додека не поруменат од секоја страна, една до две минути.