Џона Хил беше „уловен“ во Малибу, Калифорнија овој петок, поради веста дека го очекува своето прво дете со свршеницата Оливија Милар, пишува Page Six.
Актерот, најпознат по хит комедијата „21 Jump Street“, судејќи по фотографиите, уживал во сурфање и облечен во црн костум за нуркање, и на прв поглед, во непрепознатливо издание. Тој ја покажа и густата брада што ја пуштил во последните неколку месеци.
Во еден момент, Хил го откопча горниот дел од костимот за нуркање за да разговара со некого и реши да покаже неколку тетоважи на градите и рацете.
Инаку, популарниот актер неодамна почна да сурфа и според фотографиите изгледа дека е многу страстен кога се спортовите на вода во прашање. Тој дури и го бранеше своето хоби, велејќи дека „никогаш нема да престане да ги прави работите што го прават среќен“, откако првично доби некои критики.
Имено, последните неколку недели се шпекулира за свршувачката и веста за бременоста на неговата вереница Оливија Милар. Милар потврди дека таа и Хил наскоро ќе станат родители кога во понеделникот го покажа својот стомак додека пазареше во Санта Моника.
Што се однесува до свршувачката, Хил претходно беше свршен со Џана Сантос во 2019 година, а врската ја прекина следната година. Малку подоцна, односно една година подоцна, се вери и со Сара Брејди, но неодамна демантираше дека некогаш биле свршени.
– Гласините не се точни – напиша тој на Инстаграм во февруари, шегувајќи се дека е свршен само со „мајка ти“. Оттогаш Хил ги избриша сите свои профили на социјалните мрежи, додека Милар ги чува нејзините приватни.