Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, информираат од УХМР.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -2 до 6 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 1 до 10 степени.