119
НАТО нема да распореди војници во Финска без согласност на земјата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
„Тоа е одлука на Финска. Нема да има војници на НАТО во Финска без согласност на Финска“, рече Столтенберг, пренесе ТАСС.
Тој нагласи дека Финска ќе донесе „напредна одбранбена индустрија“ и „највисоки способности“ во алијансата.