По повеќе од 50 години заробеништво, орката Лолита се враќа во Тихиот Океан

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Најстариот кит убиец, орката Лолита, треба да биде вратена во Тихиот Океан по повеќе од 50 години во заробеништво – и со тоа потенцијално да се обедини со нејзината мајка.

57-годишната орка собра огромен број следбеници откако почна да настапува во морскиот аквариум во Мајами во 1970 година.

Одвоена од нејзината мајка и нејзините седум браќа и сестри кога имала четири години, Лолита била продадена во морскиот аквариум во Мајами за само 5.500 евра.

Додека многу други животни го завршија својот живот во оваа установа, Лолита неуморно работеше додека не се разболела минатата година, а живееше во најмалиот аквариум за орки во светот.

Сега се прават планови таа да биде вратена во океанот, каде што според многумина, нејзината мајка сè уште живее, пишува Euronews.

„Имаше четири години кога ја зедоа, а тогаш учела да лови. Ја знае нејзината семејна песна“, рече старешината Рејнел Морис од индиското племе Луми во Вашингтон, која исто така е член на одборот „Friends of Toki“, локална непрофитна организација посветена на обезбедувањето на слободата на китовите.

„Таа ќе се сети, но ќе треба време“, рече Морис.

Слични содржини