Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес после вчерашниот одрон

од Nikola Popovski
147 прегледи

Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес е нормализиран, откако вчера беше затворен за сообраќај, информираа од АМСМ.

Причина за прекинот е што некаде после 21 часот се случил голем одрон на камења кај месноста Ветерско близу до патарина Сопот.

Од АМСМ додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, стои во соопштението.

Слични содржини