Османи разговараше со Блинкен и Шоле: САД дава силна поддршка за евроинтеграциите на С. Македонија

од Nikola Popovski
86 прегледи

На маргини на НАТО Министерскиот состанок, во Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи разговарал со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Според Османи, во фокусот на разговорите била соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава, во фокусот на разговорите.

-Шоле и Блинкен изразиле силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија што е споделен стратешки интерес на Северна Македонија и САД и влог во целокупната регионална стабилност, појаснуваат од МНР.

Министерот Османи денес ја продолжува посетата на НАТО во Брисел, втор ден од НАТО министерскиот состанок со средби со негови хомолози.

Слични содржини