135
Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави денеска дека ситуацијата во Бахмут на истокот на Украина е навистина тешка и дека ќе бидат донесени „соодветни одлуки“ доколку тамошните украински војници се во опасност да бидат опколени од руски сили.
Зеленски на прес-конференција во Полска рече дека најважно за него е да ги заштити животите на војниците, пренесе „Ројтерс“.
Тој истакна дека Украина сака Полска да биде клучен партнер во повоената обнова на земјата.