„Сите барања од Украина брзо ги процесуираме и доколку тоа не наштетува на нашата армија, позитивно одговараме“

од Vladimir Zorba
145 прегледи

„Благодарни е мал збор за да се опише чувството на Украина кон Северна Македонија. Свесни се за брзината со која ги носиме одлуките. Секогаш кога некакво барање ќе добиеме од нивна страна се обидувам брзо да го процесуирам до Генералштабот и тие повратно да ме информираат за дали барањето може да биде исполнето или не, дали ќе наштети на нашата армија или не“ рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска во нејзиното гостување на ТВ Шења.

Таа додаде дека доклку Генералштабот утврди дека барањето може да биде исполнето, министерството предлага до Владата, која носи политичка одлука за да се помогне.

„Македонија е меѓу десетте земји по број на донации споредено со глава на жители кои најмногу подарија на Украина“ рече Петровска.

Министерката истакна дека подготвеноста на Северна Македонија да помогне на Украина е ценето од НАТО алијансата, бидејќи докажува дека државата може да носи брзи одлуки кога тоа е потребно.

Слични содржини