Променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат од УХМР за тоа какво ќе биде денес времето.
Во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.