Владо Георгиев со една изјава ги загрижи обожавателите дека се повлекува од сцената

од Stefanija Kuzmanovska
320 прегледи

Кантавторот и пејач Владо Георгиев изјави дека ги засакал медиумите и шоубизнисот, но тоа не значи дека ќе продолжи да се занимава со тоа. Тој даде и соодветно објаснување.

„Ми недостига шоу-бизнисот и она што го работев. Шоубизот е нешто што порано го правев за да преживеам, но не по секоја цена“, изјави пејачот за српски „Курир“.

Зборувајќи за младите пејачи и бендови, тој рече дека има талентирани уметници – но тие не можат да излезат од кичот кој ја преплавил музичката сцена.

„Песните се прават да се вртат еден месец. Мислам, не кажувам ништо, има тука и симпатични деца. Има добри бендови кои се млади, но не можат да излезат на површината, а навистина пеат и свират одлично. Но, тие не можат да излезат од поплавата на неквалитетната музика“, рече Георгиев.

Ваквите изјави ги загрижија неговите обожаватели дека можеби ќе се повлече од сцената и ќе престане да снима нова музика и да ги изведува своите стари хитови. Но, Георгиев брзо ги разубеди и најави дека тој ќе биде воведниот чин на концертот на младото дуо Буч Кесиди.

На прашањето дали би му помогнал на млад уметник да напише песна – тој одговори потврдно.

„Секако дека би му помогнал на секој кој има разум и кој е талентиран. Но, јас сум малку зафатен во моментов и правам некои од моите работи во моментов“, рече Георгиев.

Слични содржини