Шведска: Се уште не е познато кој стои зад експлозиите на гасоводот Северен тек

од Stefanija Kuzmanovska
150 прегледи

Шведското обвинителство соопшти дека останува непознато кој стои зад експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ и дека нема да биде лесно да се најдат одговорните за саботажата.

„Се надеваме дека ќе можеме да идентификуваме кој го извршил ова злосторство, но треба да се забележи дека веројатно ќе биде тешко со оглед на околностите“, рече обвинителот Матс Љунгквист, кој ги истражува експлозиите, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека „шпекулациите“ за тоа што се случило не влијаат на текот на истрагата „која се заснова на факти и информации добиени како резултат на анализа, истраги на лице место и соработка со властите на Шведска и други земји“.

Слични содржини