ДС: За Груби има сериозни пречки да го води проектот „Бехтел и Енка“

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Повеќе медиуми, политички партии, ДКСК, Јавното обвинителство, како и невладиниот сектор и експертите искажаа сериозни сомнежи за корупција при изборот на надзорот над спроведувањето на градежните активности од „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ на коридорите 8 и 10 д, како и на целокупниот процес каде со тимот за подготовка на проектот раководеше Артан Груби, соопштува ДС.

„Неговото поставување за координатор за спроведување на овој грандиозен проект, за кој граѓаните ќе одвојат над 1,6 милијарди евра, само ги потврдува сомнежите за корумпираниста на власта во целина и подготовка за грабеж со огромни димензии.

Го повикуваме премиерот Димитар Ковачевски да ја преиспита и да ја повлече одлуката за назначување на Артан Груби за координатор на проектот.

Државните институции да го истражат овој проект и коруптивните елементи поврзани со него и да отворат кривично правен процес против инволвираните во криминал.

Инсистираме Државниот завод за ревизија да направи вонреден надзор и да ги провери сите досегашни активности на власта поврзани со коридорите 8 и 10 д, како и проектот во целина и вклучувањето на „БЕХТЕЛ И ЕНКА“, со директна спогодба.

Тоа го бараме за да се спречи грабеж и по којзнае кој пат да не се повтори поговорката „КУЧИЊАТА ЛААТ, А КАРАВАНОТ СИ ВРВИ“.

Слични содржини