Курти: Мора да се спроведат сите договори постигнати во дијалогот со Белград

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска изјави дека мора да се спроведат сите договори постигнати во дијалогот со Белград, а дека приоритет е проблемот со, како што наведе, „присилно исчезнатите лица“.

Курти пред новинарите изјави и дека до крајот на овој месец ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Премиерот на Приштина денеска повтори дека Охридскиот договор мора целосно да се имплементира, вклучително и точката десет, која предвидува имплементација на претходно постигнатите договори.

Слични содржини