Диди: Зедов песна од Стинг без негово знаење и сега морам да му плаќам секој ден! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
219 прегледи

Музичкиот магнат Diddy, познат и како Puff Daddy или P. Diddy, откри дека на британскиот музичар Sting секој ден му плаќа паушална сума на пари бидејќи без дозвола користел дел од инструменталот од култната песна на Sting „Every Breath You Take“, на неговиот сингл од 1997 година „I‘ll Be Missing You“, пренесе Daily Mail.

53-годишниот продуцент и музичар „ретвитна“ клип од интервјуто на Sting за The Breakfast Club во 2018 година, каде музичарот беше прашан дали е вистина дека добива по 2.000 долари дневно за примерок од Diddy, што тој го потврди.

Diddy објасни во објава на Твитер дека сумата е всушност поголема, пишувајќи: „Не. Јас му плаќам 5.000 на ден. Само љубов за мојот брат Sting“.

За време на првичното интервју, поранешниот фронтмен на Police рече дека Diddy побарал дозвола само по објавувањето на песната, но додаде дека сега се „многу добри пријатели“, а Sting дури тврдел дека песната на Diddy е „многу убава“.

„I’ll Be Missing You“ е снимена како почит на иконскиот њујоршки рапер The Notorious B.I.G., кој почина на 24-годишна возраст во 1997 година. Diddy беше придружуван на песната од поранешната сопруга на Биги, Фејт Еванс, заедно со R&B групата 112.

Sting и Diddy ja изведоа емотивна песна заедно на MTV Video Music Awards одржани во Radio City Music Hall во Њујорк на 4 септември 1997 година.

Слични содржини