Ковачевски: Фабриката за електрични возила нема да добие ништо од државата додека не почнат со активности

од Vladimir Zorba
264 прегледи

Фабриката за електрични возила во зоната во Тетово согласно со договорот нема добиено ништо како државна помош и нема да добијат помош додека не почнат со активности, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Фабриката Е-ГО  која потпиша договор за изградба на фабрика во Слободната економска зона во Тетово има одредени барања во делот на парцелата со оглед на начинот на кој го организираат производството и затоа беа правени урбанистички промени, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто доцни изградбата на фабриката на денешната прес-конференција во Владата.

Ништо немаат добиено како државна помош, додаде, бидејќи немаат започнато со градежни работи, ниту со пробно производство.

-Државната помош кај нас се добива скалесто и е поврзана со реализација на проект, потенцира Ковачевски.

Слични содржини