Францускиот актер Венсан Касел пет години уживаше во љубовта со 30 години помладата Тина Кунаки.
Во изминатите неколку месеци се шпекулираше дека популарниот актер се разведува, а сега со еден потег ги потврди овие шпекулации.
Имено, Касел преку ноќ ги избриша сите фотографии од својата сопруга Тина Кунаки од својот Инстаграм профил.
Касел и Кунаки беа заедно пет години, а сопругата на познатиот актер, која е успешен фотомодел, е три децении помлада од Венсан.
Актерот и манекенката се венчаа во 2018 година, две години откако јавноста дозна за нивната врска.
„Тие се разведоа пред неколку недели. Тина е скршена“, потврдил извор за „Дејли Мејл“.
Иако нивните ПР тимови не ги коментираа гласините за развод, потегот на Венсан на социјалните мрежи откри дека на нивната љубов ѝ дошол крајот. Венсан на својот Инстаграм профил имаше многу фотографии со сопругата, исто толку љубовни изјави, а сега ги отстрани сите.
Да потсетиме, Касел беше во брак со познатата актерка Моника Белучи. Двојката се запознала во 1996 година на снимањето на филмот „L’appartment“, а се венчале три години подоцна. Сепак, нивната љубов не траеше, па се разведоа во 2013 година.