Францускиот амбасадор во Софија: Колку повеќе се пролонгираат уставните измени, толку повеќе Скопје го одложува членството во ЕУ

од Nikola Popovski
132 прегледи

Земјите од Западен Балкан имаат свое место во ЕУ ако навистина го сакаат тоа, изјавил францускиот амбасадор во Бугарија, Жоел Мајер во интервју за агенцијата БГНЕС.

Тој се осврнал и преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Според него, т.н. француски предлог е резултат на колективната работа на сите земји од ЕУ.

-Северна Македонија мора да ги спроведе потребните реформи пред да влезе во ЕУ. Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања има за цел да постигне консензус во заедничката историја на двете земји и да разговара и да се договори за учебници кои споделуваат иста визија за заедничката историја, нагласил дипломатот, пренесува БНР.

Мајер бил дециден дека Македонија мора да го промени својот Устав.

-Ова е обврска преземена од властите на Северна Македонија со цел да ја вклучи бугарската заедница во нејзиниот Устав и да ги земе предвид правата на оваа заедница. Колку повеќе се одложуваат измени, толку повеќе се одложува членството во ЕУ. Не сакам да го потценам напорот што се бара за ова за да се случи, што исто така мора да се соочи со отпорот на едно многу националистичко општество на кое може да влијае мислењето на трети земји – Русија, која има за цел да ги подели општествата. Ако Скопје се согласи да го промени својот Устав, тогаш можеме да сметаме дека гледа поголема причина за влез во ЕУ, вели Мајер.

Слични содржини