Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, се спротистави на концептот реформи на кризниот менаџмент и цивилна заштита што го нуди професорот д-р Марјан Ѓуровски на денешниот „Одбранбен форум 2023 НИЕ СМЕ НАТО заедно посилни” во Скопје, во своето панел излагање, дискусија и одговор на прашања во рамки на делот „Превенција и одговор на кризи – идно предизвици на НАТО земјите – членки”.
Инаку, на „Одбранбен форум 2023 НИЕ СМЕ НАТО заедно посилни” во Скопје, има над 250 присутни, а со свое обраќање во петте панел излагања и дискуси, а и одговори на прашања, имаат претставници од Република Северна Македонија, СР Германија, Белгија, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји, директно и преку видео-конференциска врска.
При свеченото отворање на Форумот, утрово, се обратија Министерот за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска, Амбасадорката на САД во нашата земја, Анџела П. Агелер и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Министерката Петровска посочи дека овој Форум, како круна на одбележувањето на годишнината од членството во Алијансата и Денот на НАТО, има за цел да го интензивира дијалогот со сите општествени фактори зашто развојот на одбраната бара сестран и обединет мултисекторски пристап.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во своето видео обраќање на Одбранбениот форум 2023, пред присутните истакна дека Република Северна Македонија активно придонесува кон колективната безбедност, има место и рамноправен глас на масата на НАТО и ја ужива целосната заштита на Алијансата.
Американската амбасадорка Анџела Агелер рече дека сите граѓани на Република Северна Македонија треба да бидат горди на придонесот што го дава земјата во подобрувањето на регионалната и глобалната стабилност.
Роберт Микац од Факултетот за политички науки во Загреб на Одбранбениот форум во организација на Министерството за одбрана посочи дека најголем ризик за НАТО во иднина е конвенционалната војна која се води во Украина. После тоа биле хибридните напади што не ги гледаме, а кои се присутни, а потоа „кибер” нападите, кои дефинитивно се случуваат секој ден во сите наши земји и ризикот исто така може да биде ако не сакаме да бидеме сложни, така што, како што рече, на денешниот форум ќе се фокусираат како заеднички да се делува кон надворешните ризици.
Метју Роудс, од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал” изјави дека најголемиот ризик за НАТО би бил да се дозволи руската агресија да остане без одговор, поточно најголемиот ризик е Русија да продолжи со агресијата против другите соседи, потенцијално против другите членки на Алијансата и дека со тоа што стои силно и обединето, НАТО покажа дека тоа не е прифатлива практика во меѓународните односи и дека ја зајакна одбраната и безбедноста на алијансата како целина, истакна Роудс.