Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ги намали цените по трет пат оваа година за да ја зголеми побарувачката за двата најскапи модели на електрични возила во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува АА.
Според ценовниците на веб-страницата на компанијата, направен е попуст од 5.000 евра за Model S и Model X.
Основната верзија на Model S чини 84.990 долари (77.862 евра), додека цената на Model X е намалена на 94.990 долари (87.024 евра).
Намалени се и цените на спортските верзии на Model 3 и Model Y за 1.000 и 2.000 долари. Цената на Model 3 сега е 41.990 долари (38.468 евра), а Model Y е 49.990 долари (45.797 евра).
Tesla ги намали и цените на своите возила во САД и Европа во јануари и март со цел да ја зголеми продажбата.