Акција за контрола на увозници на овошје и зеленчук спроведува од изутрина низ цела држава Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во координација со Управата за финансисика полиција и Управата за јавни приходи. Се контролираат производите по одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот.
-Со акцијата се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, влезено е и на Кванташки пазар, а се вршат надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови, потврди за МИА директорт на ДПИ Горан Трајковски.
Од ДПИ на терен се над 30 инспектори.
Трајковски најави дека акцијата ќе трае во текот на денов, но оти сумирани информации за исходот ќе бидат објавени в понеделник од кога, како што посочува, ќе продолжат да се вршат постојано контроли исто како и во изминатиот период.