Се урна станбена зграда во Марсеј, пет лица се повредени

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Најмалку пет лица се повредени при уривање на четирикатна станбена зграда во Марсеј, објави градоначалникот Беноа Пајан.

Пожарот ги спречи спасувачите да трагаат по други можни жртви, а се сомнева дека до уривањето на зградата дошло од експлозија, пренесе BFMTV.

„Постојат силни сомневања дека експлозија предизвикала уривање на зградата, но во оваа фаза мора да бидеме многу внимателни за причините за несреќата“, изјави префектот на регионот Буш-де-Рон, Кристоф Мерман, додавајќи дека причина може да биде експлозија на гас.

Пожарот ги спречи и дресираните кучиња да ги пребаруваат урнатините за евентуални жртви.

„Се обидуваме да ја забрзаме акцијата бидејќи времето е важно, но кучињата не можат да ја издржат оваа температура и топлина“, изјави командантот на баталјонот на противпожарната бригада на Марсеј, Лионел Матје.

Локалните власти соопштија дека се уште не се знае колку луѓе живееле во зградата.

Слични содржини