Зеленски: Наскоро од Полска ќе пристигнат 200 борбени возила „росомак“

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Полска во блиска иднина ќе испрати 200 борбени возила „росомак“ во Украина.

Тој рече дека Киев очекува Полска да испорача авиони МиГ-29, минофрлачи и дополнителни проектили исто така многу брзо, објави „Киев Индипендент“.

Објавата на Зеленски дојде неколку дена откако полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека Украина нарачала 100 „росомак“ од Полска.