Тејлор Свифт раскина со момчето

од Nikola Popovski
160 прегледи

Поп ѕвездата Тејлор Свифт и актерот Џо Алвин наводно ја прекинале љубовта по шест години врска.

Како што пренесува „Entertainment Tonight“, тие останале во пријателски односи по раскинувањето. Се додава дека ниту една расправија не влијаела на оваа одлука, туку едноставно секој си продолжил по својот пат.

Тејлор ја започна својата светска турнеја минатиот месец во САД, а Алвин не е виден на ниту еден од седумте концерти досега, што е уште еден показател дека парот се разделил.

„Сè помина нормално. Затоа Алвин не беше забележан на ниту еден настап“, изјавил извор за „ET“.

Да потсетиме дека Тејлор и Џо се запознаа во 2016 година на Мет Гала, а нивната врска ја чуваа подалеку од очите на јавноста. Се шпекулираше и дека неодамна се вериле, но според пишувањата на странските медиуми, очекуваната венчавка нема да се случи.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimediа