Тешка сообраќајка кај Тиквешко езеро: Четворица повредени меѓу кои и малолетничка

од Nikola Popovski
174 прегледи

Синоќа околу 20 часот, на локалниот пат Кавадарци – село Ресава кај месноста викана „Криви дол“, во близина на Тиквешко Езеро, дошло до сообраќајна незгода помеѓу два патнички автомобили.

Според полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од П.А.(42) од Кавадарци и патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(43) од с.Бегниште, кавадаречко.

-Во несреќата возачот Ј.Т. се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот П.А., сопатничката В.А.(35) и малолетна сопатничка во возилото „голф“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци, информираа од МВР.

Слични содржини