„Среќна недела“: Хали Бери позираше целосно гола (ФОТО)

од Nikola Popovski
250 прегледи

Холивудската ѕвезда Хали Бери отсекогаш привлекувала внимание со својот атрактивен изглед кој никого не остава рамнодушен.

Овој пат таа реши да ги израдува своите фанови со фотографија на која позира гола со чаша вино во рака, при што го напиша следново:

„Сакам да го правам она што го сакам. Среќна недела“, објави Бери на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

Актерката за кратко време собра речиси половина милион лајкови. Бери, која во август ќе наполни 57 години, беспрекорната фигура ја одржува со напорни тренинзи.

„Се чувствувам и изгледам помладо затоа што сакам да поминувам што повеќе време со моите деца. Сакам да го видам раѓањето на моите внуци и да ги гледам како растат“, рече неодамна таа во едно интервју.

Фото: Amy Sussman/Getty Images for CDGA

Слични содржини