Генералштабот на Украина: Продолжуваат жестоките борби околу Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска соопшти дека продолжуваат жестоките борби со руските сили околу Бахмут и Авдијевка.

Украинскиот генералштаб наведува дека руските сили продолжуваат да ги фокусираат своите главни напори на изведување офанзивни операции во правец на Лиман, Бахмут, Авдијевка и Маринка, пренесува „Интерфакс Украина“.

Се додава дека во текот на изминатиот ден биле одбиени повеќе од 40 напади на руските сили.

„Во насока на Бахмут, непријателот продолжува со офанзивните операции, обидувајќи се да преземе целосна контрола над градот Бахмут, жестоките борби продолжуваат“, се вели во соопштението, пренесе „Танјуг“.

На правците Запорожје и Херсон, според Генералштабот на Украина, руските трупи продолжуваат да ги утврдуваат позициите.

Слични содржини