„Зошто никому не му треба Украина“: Маск одби да избрише твит на Медведев

од Stefanija Kuzmanovska
173 прегледи

Сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Твитер“, Елон Маск, одби да го избрише твитот на заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев, во кој тој во неколку точки навел „зошто никому не му треба Украина“.

Како што пренесе ТАСС, еден од корисниците на Твитер го привлекол вниманието на Маск на твитот кој Медведев го објави во саботата, на што американскиот милијардер одговори дека сите вести се „до одреден степен пропаганда“ и дека луѓето треба сами да одлучуваат.

Маск изјави дека неговата платформа нема за цел да ги ограничи или промовира профилите на руските владини претставници.

Во април минатата година, Твитер објави дека профилите блиски до државните органи ќе бидат блокирани од таа мрежа, бидејќи тие наводно „го ограничуваат отворениот интернет“.

Слични содржини