Лукашенко: Потребни ни се гаранции дека Русија ќе не брани како своја територија

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека на Белорусија ѝ се потребни гаранции дека Русија ќе ја брани Белорусија „како своја територија“ во случај на надворешен напад врз таа земја, пренесува „Белта“.

Ова го изјави Лукашенко во Минск, на средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој пристигна во Белорусија по неодамнешните разговори меѓу Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин.

„Западните земји не ги исполнуваат и всушност ги погазија договорите за безбедносни гаранции, кои беа дадени со Меморандумот од Будимпешта во замена за повлекување на нуклеарното оружје“, рече Лукашенко.

Тој изјави дека тука е вклучена и економската безбедност.

„Но, каква економска безбедност, ако воведат санкции против нас, против Русија“, рече Лукашенко.

Тој изјави дека затоа го покренал ова прашање во преговорите со претседателот на Русија и дека тој апсолутно го поддржал.

Слични содржини