Песков: Франција тешко може да биде посредник меѓу Москва и Киев

од Stefanija Kuzmanovska
151 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска изјави дека никој не покренал никакви иницијативи во врска со велигденскиот прекин на огнот на фронтот во Украина, истакнувајќи дека претходните слични акции на Москва останале без одговор од Киев.

„Досега немаше никакви иницијативи на овој план, но нашата Света недела само што започна. Не смееме да заборавиме дека Москва претходно презентираше иницијативи за прекин на огнот и го почитуваше, но наиде на неподготвеноста на режимот во Киев да го почитува“, рече Песков.

Како што јави ТАСС, Песков изјавил дека Париз тешко може да ја преземе улогата на посредник меѓу Москва и Киев.

„Тие застанаа на страната на еден од учесниците во конфликтот. Згора на тоа, тие се директно вклучени во конфликтот на страната на Украина“, изјави портпаролот на Кремљ.

Слични содржини