480
Посен колач со цимет и џем од кајсии.
Состојки:
– 300 мл топла вода
– 300 гр шеќер
– 5 лажици џем од кајсии
– 1 кесичка сода бикарбона
– 1 кесичка цимет
– 5 лажици масло
– 400 гр брашно
Глазура:
– 100 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Сите состојки се мешаат со лажица додека не се добие еднолична смеса, па се истура во длабок плех обложен со хартија за печење.
Се пече во загреана рерна на 150 степени околу 30 минути.
Кога колачот ќе се испече и излади, сечете го на коцки додека е уште во плехот.
Колачот премачкајте ја со џем и прелијте го со растопено чоколадо.