Израелските сили усмртиле 15-годишно палестинско момче за време на рација

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските сили убија 15-годишно палестинско момче во бегалскиот камп Акбат Џабер во близина на окупираниот град Ерихон на Западниот Брег, соопшти палестинското министерство за здравство.

Момчето е „усмртено од рафал во главата, градите и стомакот“, соопшти министерството, додавајќи дека уште две лица се повредени од боева муниција и се испратени на лекување во болница.

Израелската армија соопшти дека извршила рација во кампот за да уапси „осомничен за тероризам“.

„За време на активноста беа поттикнати насилни немири на неколку локации“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили. „Додека војниците ја напуштале областа, осомничените отвориле оган врз нив, фрлале експлозивни направи и молотови коктели. Војниците одговорија со боева муниција од 22 калибар“, додаваат оттаму.

Насилството во Израел и окупираниот Западен Брег ескалира по неодамнешните рации на израелската полиција на џамијата Ал Акса во Ерусалим. Во текот на изминатата недела, десетици ракети беа лансирани од Либан, Газа и Сирија на израелска територија, проследени со израелски одмазднички напади.

Слични содржини